View on GitHub

akreditator-mk

Проверени етички медиуми

Акредитатор

Преку Акредитатор, дознај дали медиумот што го читаш во твојот Chrome, Firefox или Edge прелистувач, е дел од регистрите на етички коректни медиуми во државата.

Како работи?

После преземање на додадокот, тој се појавува како мало сиво кругче во горниот десен агол на твојот прелистувач. Чим посетиш сајт на локален медиум, бојата на кругчето се менува:

🟢 Зелено, ако сајтот на медиумот е дел од 2-та национални регистри на медиуми со потпишан етички кодекс на известување.

⚫️ Сиво, ако сајтот не е пронајден во регистрите.

Со клик на кругчето, може да се добијат повеќе информации околку регистрите во кој е запишан сајтот на тој медиум, како и опција за пријавување на прекршок на етичкиот кодекс за дадениот медиум.

Што значи тоа?

Ако сајтот е зелен, има помалку шанси истиот да шири дезинформации, и повеќе шанси да е веродостоен во известувањето.

Но, доколку пронајдете на сајт на медиум што е дел од регистрите, но сепак пристапува неетички кон известувањето, Акредитатор ви дава можност истиот да го пријавите до соодветните регистри за испитување и санкционирање.

Со помош на Акредитатор, се обидуваме да ги напавиме видливи дорверливите извори на податоци, да ги намалиме дезинформациите, и да се грижиме дека медиумите етички известуваат! Отворениот код може да се прегледа тука, а проектот е поддржан од Фондот за Иновации и Технолошлки Развоj преку повикот КРЕАТОН.

Преземи

Преземи го Акредитатор за:

Google Chrome

Mozilla Firefox

Microsoft Edge

Извори

Во овој момент, Акредитатор презема листа на етички медиуми од 2 регистри:

За тимот

Акредитатор е направен од Горјан Јовановски, креаторот на проекти како AirCare/МојВоздух, МојМиленик, Волонтирај.мк и Рециклирам.мк

Политика на приватност

Акредитатор на никој начин не ги следи, зачувува или испраќа вашите посетени страни или интернет пребарувања. Уште подобро, ниту една информација за вас не се користи во операцијата на Акредитатор, ниту се зачувува. Со цел да сме транспарентни со начинот на работа, целиот код на Акредитатор е достапен на овој GitHub репозиториум.